Општина Струмица реализира уште еден проект од ИПА програмата
Општина Струмица започна со спроведување на нов проект преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција. Проектот ќе биде целосно финансиран од Европската Унија изнесува околу 238.000 евра и истиот е именуван како создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион, односно, БИЗНИС МРЕЖА Струмица – Кичево – Кукуш.
Според Елена Ќучукова од Одделението за меѓународна соработка и Европски фондови на општина Струмица, целта на проектот е зајакнување на капацитетите на бизнис секторот. Истовремено, таа упати јавен повик за избор на проектен тим кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот.
-Во рамки на проектот е предвидена реализација на повеќе активности кои ќе имаат за цел зајакнување на капацитетите на бизнис секторот, вмрежување на фирмите од регинот Струмица, Кичево, Поликастро и Кукуш, како и нивна промоција преку организирање на заеднички саеми, обуки и други јавни настани. Општина Струмица оваа прилика ја користи да ги информира граѓаните дека во рамките на овој проект е отворен конкурс за избор на проектен тим и тоа Проектен кординатор и финансиски службеник, ангажманот на овие лица ќе трае 15 месеци. Конкурсот е достапен на официјалната општинска страница www.strumica.gov.mk и истиот ќе трае до 15.08.2016 година. Ги покануваме сите заинтересирани лица да достават кратка биографија и мотивационо писмо на англиски јазик во просторите на Одделението за Меѓународна соработка и европски фондови или по електронски пат. Условите кои што треба да се исполнат од страна на кандидатите се високо образование, одлично познавање на англискиот јазик и познавање на проблематиката од областа на проектен менаџмент. Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство на Еу проекти. Сите пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервју и тестирање на англиски јазик во просториите на општина Струмица, рече Ќучукова