Општина Струмица ќе ја зајакнува работата на Советот
Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, денеска, потпишаа Меморандум за разбирање во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза на имплементација“ финансиран од Швајцарската Влада, а во имплементација на УНДП.
Струмица е една од шестте избрани општини чии советници ќе добијат обука и поддршка со цел да овозможат буџетите на општината да се планираат и трошат во насока на очекувањата на жителите, а за таа цел ќе добијат и грантови во висина од 50.000 швајцарски франци.
Општина Струмица секогаш е отворена за обуки и нови вештини кои ќе ги зајакнуваат нејзинте капацитети, а се со цел обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, бидејќи нивните потреби се нејзин приоритет.