Општина Струмица ќе го одбележи 6-ти април, Меѓународниот ден на спортот за развој и мир
Покана до спортските клубови, спортистите и рекреативците за одбележување на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир, 6-ти април
Општина Струмица ќе го одбележи 6-ти април, Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. По тој повод ги покануваме сите спортски клубови, спортисти и рекреативци да земат активно учество на настанот кој ќе се одржи на 6-ти април (сабота) во Градскиот парк во Струмица, кај езерцето. Се замолуваат екипите кои ќе земат учество на настанот да носат свои реквизити во 10:00 часот, а настанот ќе трае до 12:00 часот.
Доколку временските услови не дозволуваат настанот да се одржи на отворено, истиот ќе се одржи во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов”.
На настанот ќе присуствуваат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, советникот за млади и спорт на претседателот на Владата, Ѓорги Тасев, градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, спортски работници, тренери, гости и љубители на спортот.