ООУ „Гоце Делчев“, Василево со нови тоалети
Вчера претставникот на МЦМС г-дин Димче Митрески го посети училиштето „Гоце Делчев“, Василево каде заедно со претставниците на изведувачот и надзорот изврши увид во одвивањето на активностите на реконструкција на тоалетите во ова училиште.
Реконструкцијата која опфаќа целосна електрична и водоводна инсталација, поставување на врати, нов покрив, санитарии, молерофарбарски и плочкарски услуги и извршена со средства кои целосно се обезбедени од Сокотаб и Филип Морис. Буџетот изнесува околу 1 100 000 денари.
„Она што е особено важно е дека со оваа реконструкција влезот во тоалетите што досега беше од надворешната страна со т.н топол влез е поврзан со внатрешниот дел од училишната зграда. Еден голем проблем кој досега го имаа учениците сега е надминат“, изјави градоначалникот на општина Василево кој присуствуваше на увидот во училиштето. Задоволна од завршените активности е и директорката на училиштето г-ѓа Емилија Котева која изрази надеж дека успешната соработка на училиштето „Гоце Делчев“ со МЦМС ќе продолжи и во иднина.
Ако се има предвид досегашната повеќегодишна соработка на општина Василево со МЦМС овој проект е само продолжување на успешната приказна во која се вбројуваат оградувањето на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкцијата на училиштето во с. Ангелци, реконструкцијата на училиштето во с. Радичево како и поставувањето на системот за парно греење во истото училиштето.