Одржана 31 Седница на Советот на о. Василево
Без дискусии и забелешки, сите 12 предлози од дневниот ред на 31-та Седница на Советот на општина Василево беа усвоени. Програмите за работа на ООУ„Гоце Делчев“ Василево и ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2015/2016 година, Програмата за работа на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за учебната 2015/2016 година, Годишните извештаи за работа на двете основни општински училишта, беа усвоени со осум гласови „за“ и четири „воздржани“. Со истото мнозинство Ванчо Џингарски и Наце Митев беа именувани за членови во Училишниот одбор на ООУ„Атанас Нивичански“ Нова Маала. На оваа седница избран е и Советот на млади на општина Василево во чиј состав влегуваат: Славе Василев, Даниел Иванов, Мирче Јанев, Билјана Иванова и Живко Атанасов.
За останатиоте точки од дневниот ред: Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата бр.07-2332/1 од 27.11. 2014 за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2015 година, Предлог-Програма за изменување и дополнување на на Програмата бр.07-2337/1 од 27.11.2014 година за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2015 година, Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата бр.07-2335/1 од 27.11.2014 година за уредување на градежно земјиште во индустриската зона на општина Василево и Барањето за донација од црковниот одбор во Пиперево, советниците беа усогласени и ги донесоа едногласно.
На оваа седницакакло дополнителен предлог беа именувани и членовите на Училишниот одбор на ООУ „Гоце Делчев“ Василево. Славе Андонов и Костадинка Митева се новите членови на овој училишен одбор.