Одбележување на Февруарскиот поход
Денес на спомен обележјето во село Бајково, општина Ново Село во чест на една од најблескавите, најтешките битки полна со непримостливи тешкотии, со пригодна свеченост се одбележи 72 годишнина од Февруарскиот поход кој започнал на 31 јануари 1944 година.
По овој повод цвеќе положија: Делегација од општина Ново Село на чело со градоначалникот г-дин Блажо Велков, Здружението на пензионери од општина Ново Село, ПОУ Св.Климент Охридски, ОУ Мануш Турновски, Општински сојуз на борци продолжувачи – Струмица а најмладите – учениците од ОУ Мануш Турновски изведоа пригодна програма.