Одбележан патронатот на ОOУ „Мануш Турновски“ – Ново Село
Општина Ново Село со пригодна програма и положување свежо цвеќе на бистата на македонскиот револуционер Мануш Турновски беше одбележан патронатот на основното училиште кое гордо го носи името на овој револуционер. Мануш Турновски бил учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на МРО како и делегат од Струмичкиот револуционен округ на Рилскиот конгрес на ВМРО. Основното училиште одбележувајќи го својот патронат преку рецитали, песни и ора од учениците се потсети и оддаде почит на револуционерот.