Одбележан Денот на училиштето „Видое Подгорец“
Во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ денеска беше одбележан Денот на училиштето. На празнувањето насловено „Видое Подгорец – мој поет, моја инспирација“ кое се одржа пред спомен бистата во училишниот двор присуствуваа вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, кој од името на општина Струмица положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Подгорец, претседателот на Советот, Јосиф Христов, претставници од Одделението за образование, вработени, ученици, родители и гости. По изведувањето на пригодната програма, директорот на училиштето, Леонид Танчев, им ги врачи наградите на учениците со најдобри дела по распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема „Видое Подгорец – мој поет, моја инспирација“.