Од утре во Црвен Крст- Струмица започнуваат обуките за изработка на ПХВ проекти
Во Општинската организација на Црвен крст Струмица, почнувајќи од утре 31.01.2019 година (четврток) со почеток во 12часот во просториите на општинската ќе започне со обуките за изработка на ПХВ проекти.
Оваа година 30 млади ќе бидат опфатени со обуките.
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) веќе 20 години претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст. Оваа година програмата ќе се се имплеметира во 28 Општински организации на Црвениот крст и ќе бидат обучени 1050 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 36 дисеминатори кои ќе дадат поддршка за реализиција на програмата.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество. Тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население во местата каде што живееат.
Во текот на цилкусот во 2018 година, младинците изработиjа 150 мали проекти, вложија 26.199 волонтерски часа, помогнаа 3.183 лица, беа собрани 31.028 евра од заедница кои се вратени во заедница и беа изработени 22 мали проекти со сонце (трајни промени во заедница).
Имплементација на програмата оваа година ќе биде овозможено од страна на Општинските организиции преку котизација, преку Црвен крст на Р.Македонија и Црвен крст на град Скопје.