Од Утре Поскапи Цигари
Од утре 1 јули цената на цигарите ќе се зголеми за 3 денари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.
Со последните измени на Законот за акцизите донесени пред две години беше предвидено секоја година во период од 10 година да се зголемува стапката на специфична и минимална акциза за цигари. Во првите две години стапка се зголеми за 0,15 денари за цигара. Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година.