Обука за Интернет Маркетинг
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжува со имплементација на обуки кои имаат за цел поддршка на микро, малите и средните претпријатија од Југоисточниот плански регион, во рамки на проектот “Продолжување на работата на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион”
За таа цел, на 4–ти Декември 2015 година (петок) во Хотел Есперанто, Струмица ќе се оддржи обука за Интернет маркетинг , а истата обука е наменета за микро, мали и средни претпријатија, претприемачи, локални власти, здруженија на граѓани и фондации, невработени лица, занаетчии, трговци, економски оператори во регионот, регионални стопански комори како и потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори.