Обука за форуми на заедницата
Здружението за локална демократија ЦЕНТАР НА ЗАЕДНИЦАТА НА ОПШТИНА
СТРУМИЦА – Струмица (во понатамошниот текст: Центарот на заедницата на
општина Струмица) ќе организира еднодневна Обука за форуми на заедницата
на 21.11.2017 г. (втроник) со почеток во 10:00 часот во канцеларијата на
Центарот на заедницата на општина Струмица во Дом на АРМ – Струмица.
Обуката ќе се одржи со финансиска поддршка од Фондација Отворено
општество – Македонија.
Оваа обука е наменета за сите граѓани, претставници на граѓански
организации и граѓански активисти од општина Струмица.
Обуката има за цел да ги запознае граѓаните и претставниците на
граѓанските организации со форумскиот процес, процесот на партиципативно
буџетирање, подготовка и донесување на буџетот на општината, со најголем
акцент на улогата на граѓаните во форумскиот процес и потребата од нивно
учество и активирање на самиот форумски процес со цел креирање буџет во
консултација со нив.
Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават електронски најдоцна
до петок, 17 ноември 2017 година, со пополнување електронска пријава.
Пријавата може да се преземе од официјалната web-страна на Центарот на
заедницата на општина Струмица: www.ccstrumica.mk, односно на следниов
директен линк до електронската пријава:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdNRIHdM1uWbEUWUSkVqMHFl3Crf3c9INntpuzKAwLEnG4ZrQ/viewform.