Обоистот Васил Атанасов со свечен концерт ја одбележи 40-годишната кариера
Концертот „Васил и пријателите“ се одржа со поддршка на општина Струмица и градоначалникот Заев
Синоќа во големата сала на центарот за култура „Антон Панов“ се одржа свечен концерт на популарна музика под наслов „Васил и пријателите“, а по повод 40-годишната музичка кариера на обоистот Васил Атанасов. На концертот покрај славеникот, настапија и Борис Трајанов, Драган Даутовски, Тодор Светиев, Даница Стојанова, Јагода Тренеска – Цветичанин, Кристина и Томе Атанасови, српскиот тенор Александар Дојковиќ и други музичари и солисти, а со камерниот оркестар диригираше Андреј Андреев о Бугарија.
Концертот беше финансиски поддржан од општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.