о.Василево-Потпишани два договори за два нови проекти
Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов потпиша два договори за реализација на два проекти со вкупна вредност од 5 830 292 денари. Со градежната компанија „Жикол“ потпишан е договор за Реконструкција на постојниот Дом на култура во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, додека со фирмата „Пешо Инженеринг“ договор за изградба на Повеќенаменско игралиште во Доброшинци.
„Денес беа потпишани два договори за два капитални проекти на територијата на општина Василево. Се работи за два проекти од областа на спортот и културата, наменети пред се за младите односно учениците од подрачното училиште во Добрашинци и учениците од училиштето во Нова Маала. Потпишавме договор за изградба на повеќенаменско игралиште во Добрашинци и договор за реконструкција на Домот на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала.“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по денешното потпишување на договорите.
Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во договорите, работите на терен треба да започнат во најбрзо време, а градоначалникот Стојанов изрази надеж дека во текот на оваа градежна сезона и двата објекти ќе бидат комплетно изградени и подготвени за користење, како од учениците така и од сите други љубители на спортот од овие населени места кои овде ќе може да спортуваат и рекреираат.
Средствата за реализација на овие два проекти се обезбедени од Буџетот на општина Василево.