о.Василево-Надлежните на состанок за превенција од пожари
Вчера, во Василево, во организација на Локалниот совет за превенција, работен состанок одржаа претставници од институциите надлежни за заштита и превенција од пожари.
Свои излагања за подготвеноста за заштита од пожари имаа претставниците од Регионалниот центар за управување со кризи, од Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица – Струмица, претставниците од СВР Струмица, Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица“ . Заеднички став на сите учесници на денешниот состанок, воедно и препорака е неопходноста од активно работење на терен, пред се преку подигање на јавната свест кај населението за заштита и спасување на сите јавни добра. Соопштенијата, флаерите, непосредните средби со граѓаните како и едукација уште од најмала возраст се алатките кои треба интензивно да се користат во периодот што следува, бидејќи со зголемувањето на надворешните темперетаури растат и опасностите и ризиците од појава на пожари.
На состанокот учествуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој воедно е и претседател на локалниот совет за превенција.
„ Општина Василево дава огромна поддршка на ваквите облици на решавање на заедничките проблеми. Целта е помагање на сите граѓани на општина Василево преку здружување на ресурсите на сите релевантни институции: општината, МВР, ДЗС, ТППЕ, РЦУК, и Шумското стопанство Беласица. Доаѓа летен период во кој е зголемена опасноста од пожари, па затоа ние треба да бидеме спремни. Години наназад преку Локалниот совет за превенција, ние како општина и надлежните институции заеднички дејствуваме во кризните ситуации“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој патем изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.