о.Ново Село-Работилница за развој на стратегија за култура
Денес во просториите на општина Ново Село се одржа втората сесија за донесување на стратешки план од областа на културата и уметноста „Креирање на визија и дефинирање на приоритетните области во секторот култура“ се однесуваше на дефинирање на приоритетните области кои се битни за да се дојде до подобар развој на културата и уметноста во општина Ново Село и креирање на визија за развивање на овој сектор.
За донесувањето на овој документ активно учество имаат културни и младински работници од општина Ново Село, вработени во општина Ново Село.
Овие работилници се дел од проектот „Ревитализација на руралните општини преку уметност и култура“ во реализација на Здружението за култура и креативни индустрии Транзен, финансиски поддржан преку програмата Цивика Мобилитас – citizens for change на Швајцарската Агенција за развој и соработка.