о.Ново Село-ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Денес, во просториите на Општина Ново Село, Градоначалникот Блажо Велков потпиша договор за финансирање на проект за изработка на Урбанистички планови за населените места: Борисово, Мокрино и Старо Коњарево.
Партнер на Општина Ново Село во реализацијата на овој проект е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а изведувач е фирмата „ИВАНОВ Инженеринг“ од Битола. Со овој проект ќе се урбанизираат вкупно 258 ha, од кои 85 ha во Борисово, 82 ha во Мокрино и 91 ha во Старо Коњарево. Вредноста на договорот изнесува 3.396.974,00 денари обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година при Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и од буџетот на Општина Ново Село.
Со реализацијата на овој проект Општина Ново Село ќе ги има урбанизирано сите населени места, освен Дражево и Смоларе кои ќе бидат приоритет за урбанизација во наредната година.
13729114_1572616963042389_3778988423906474201_n

13872758_1572616883042397_5227873840792906096_n

13876430_1572616903042395_500399571615191955_n

Напишете коментар