о.Ново Село – ЃУРЃОВДЕНСКИ СРЕДБИ 2016

Општина Ново Село во соработка со Домот на Културата “Јане Сандански” од Ново Село и Локалниот Младински Совет од Ново Село традиционално години наназад ја организира манифестацијата “Ѓурѓовденски средби” по повод празникот Ѓурѓовден. Оваа година манифетацијата “Ѓурѓовденски средби” беше подржана и од Министерството за култура при Владата на Република Македонија. Овие средби се од особена важност за граѓаните на Општина Ново Село бидејќи со нивното одржување се продолжува традицијата преку негувањето на песната и орото од една страна и носиите од друга страна. Оваа година учество зедоа неколку културно уметнички друштва со повеќе од 200 учесници и тоа: КУД “Јане Сандански” од Ново Село, КУД “Мирка Гинова” од Демир Капија, ФА “Бучим” од Радовиш и Ансамбал “Тримери” од Струмица. Манифестацијата ја отвори градоначалникот на општина Ново Село г-дин Блажо Велков со пригоден говор.

Напишете коментар