о. Босилово- Насипување на Локална Улица во Штука и Иловица
Денеска општина Босилово во соработка со ЈПКД „Огражден“ -Босилово изврши насипување и порамнување на локалната улица што ги повзрува населените места Штука и Иловица.
Матрејалот за насипување и механизацијата за порамнување беа обезбедени од страна на општината и улицата во должина од околу 500 метри беше оспособена за нормално движење на пешаците и моторните возила.