о.Босилово го одбележа Денот на народното востание и Денот на борецот
По повод празникот 11ти Октомври ден на народното востание на македонскиот народ во Босилово се одржа настан со кој се оддаде почит на паднатите борци и бранители за слободна Македонија. На овој настан беа присутни претставници од Сојузот на борци, претставници од локалната самоуправа, советот на општина Босилово, претставници на основните училишта и политичките партии. Исто така присуствуваа и членови од фамилиите на паднатите борци за Македонија. Свое учество имаа и учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Босилово и КУД „Гоце Делчев“ Босилово. Градоначалникот и Советот на општина Босилово положија цвеке на споменикот за паднатите борци како и претставници од Сојузот на борците, фамилиите на паднатите борци, основните општински училишта и политичките партии.