„НОВУС“ спроведе истражување за правата на граѓаните со поддршка на општина Струмица
Во рамките на проектот „Запознај ги твоите човекови права“ кој што беше поддржан од општина Струмица, здружението НОВУС спроведе истражување меѓу граѓаните за тоа колку тие се запознати со своите човекови права, каде се информираат за своите права и дали нивните права биле повредени.
Прашалникот беше составен од полуструктуирани и отворени прашања, а дистрибуцијата беше по електронски пат (е-анкета) како и теренски по случаен избор на граѓаните во тврда копија. Собирањето на податоци траеше од 1 до 30 септември 2016 година.
Од добиените одговори, 70,5 % од испитаниците одговориле дека се запознати со нивните права, а 29,5 % не се запознати со своите права. На прашањето „Дали знаете од кои извори и каде можете да се информирате за вашите човекови права“ 31,6% одговориле дека знаат каде да се информираат, 41,8% делумно, а 25,8% одговориле дека не знаат каде да се информираат.
Според ова истражување, 47% од граѓаните одговориле дека во Македонија граѓаните не ги уживаат своите човекови права, само 8% одговориле дека во целост ги уживаат, а 40% одговориле дека делумно ги уживаат своите права, 5% одбиле да дадат одговор.
Комплетното истражување можете да го погледнете на следниот линк: http://bit.ly/2j1grgr и на веб страницата на здружението НОВУС: www.associationnovus.org