НОВУС и осум други невладини организации потпишаа декларација за Европски вредности ЕV-NET

Водени од потребата за зголемување на ефективноста на инцијативите на граѓанското
општество во борбата против нетранспарентноста, невработеноста, загрозената животна средина,
недоследната имплементација на легислативата, но и отсуство на спроведување на законите,
НОВУС и осум други невладини организации потпишаа декларација за Европски вредности
EV NET на локално и национално ниво.
Платформата за практикување на европски вредности на локално и национално ниво
преку своето делување ќе се стреми да ги исполни следните цели:
 Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество во областа на: социјалната
политика и политика на вработување; политика на конкуренција; судство и темелни права преку
едукација, вмрежување, размена на искуства и добри практики;
 Континуирано идентификување на актуелни проблеми од областа на социјалната
политика и политика на вработување; политика конкуренција; судство и темелни права кои
директно ги засегаат локалните заедници и ќе се залага за вклучување на заедниците во
креирање и имплементација на решенија;
 Борба со социјалната и родовата нерамноправност, нетранспарентноста,
невработеноста, загрозената животна средина како и други фактори кои влијаат на влошување на
севкупниот демократски амбиент или директно ја влошуваат социјалната кохезија
 Креирање и промовирање јавни политики и пракси за доследна имплементација и
почитување на принципите на владеењето на правото во однос на трите области социјалната
политика и политика на вработување; политика конкуренција; судство и темелни права и нивно унапредување на локално и национално ниво;
 Иницирање на создавање решенија преку дијалог и соработка со институциите и
граѓаните и подигнување на свеста на јавноста за потребата од отчетни, транспарентни, отворени
и одговорни институции кои ќе градат партнерски односи со граѓаните и граѓанското општество
Акциската мрежа за добро владеење прeтставува платформа за соработка на граѓански
организации кои работат на полето на социјална кохезија, владеење на правото и политиката на
конкуренција. Таа се стреми кон унапредување на владеење на правото како еден од основните
предуслови за демократизација на општеството и напредок во евро-атланските интеграции на
РМ.

Напишете коментар