Новото катче во големиот градски парк доби цветен остров
Вработените во работната единица „Зеленило“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, вчера
, го уредуваа цветниот остров во новото катче на градскиот парк пред домот на АРМ. На оваа површина засадени се околу 500 садници од цвеќињата тагетес (турски каранфил) и салвија (пожарче). Со овој цветен остров и целосно е комплетирано дополнителното уредување на овој простор во големиот градски парк на површина од 11 илјади метри квадратни. Покрај новата тревна површина, направени се патеки на површина од 500 метри квадратни, а поставени се клупи, корпи за отпадоци и канделабри.
Уредувањето го реализираа општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ и со овој зафат граѓаните добија уште едно прекрасно место за одмор и прошетка, посебно, во летниот период кога и фреквенцијата на луѓе во паркот е најголема.