Нови Тротоари во Дабиле
Ќе се градат тротоари во Дабиле
По комплетно завршените подготовки, ќе почне изградбата на тротоари во населеното место Дабиле во должина од 500 метри, а со тоа и реализацијата на проектот „Подобрување на условите за квалитетен живот и безбедност на граѓаните од населените места низ коj поминува магистралниот пат М-6 во Jугоисточниот плански регион “. Магистралниот пат М-6, заради зголемениот обем на сообраќај помеѓу трите Општини во струмичкиот микрорегион, како и сообраќајот кон македонско – бугарската граница, претставува сериозна закана за безбедно одвивање на сообраќајот, како на моторните возила, така и на пешаците. Од тие причини, се јави потребата од изградба на тротоари во населеното место Дабиле. Целта на проектот е изградба на тротоар на левата страна од магистралниот пат М6 во правец Струмица-Ново Село, почнувајќи од влезот, односно, од основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ до центарот на населеното место. Со изградбата на овој тротоар ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а најмногу на најмладите, на учениците кои секојдневно го минуваат за да одат на училиште, како и на сите жители на населеното место Дабиле.