„Нови идеи за нови струмички сувенири“-Креативна Работилница на Здружението „Евро – визија“
Во петок, 09. 10. 2015 година, во просториите на Домот на АРМ, здружението „Евро – визија“ со почеток во 14:00 часот ќе ја реализира креативната работилница „Нови идеи за нови струмички сувенири“, која е дел од проектот кој е финансиски поддржан од програмата Г1 на секторот за ЛЕР на Општина Струмица. Овој проект има за цел да развие нови креативни решенија презентирани од страна на заинтересираните учесници и да понуди конкретни сувенири кои ќе послужат за промоција на град Струмица. Модератор на работилницата ќе биде Марија Милошевска, етаблираната македонска дизајнерка на современ филигран. Работилницата е отворена за сите инвентивни, креативни учесници и за секој кој мисли дека има уникатна идеја или решение со кое ќе помогне во афирмацијата на својот град, но и за отварање на сопствен бизнис за производство на сувенири.