Нов асфалтен слој се става и на улицата „Ристоман Попчевски“
Градежните активности во општина Струмица продолжија и денеска. Според Програмата за улици и патишта за 2015 година, нов асфалтен слој се става и на улицата „Ристоман Попчевски“. Со нов асфалт од типот АБ 11 во дебелина од 4 сантиметри е опфатена вкупна површина од 1.050 метри квадратни. И овој градежен зафат е финансиран од буџетот на општина Струмица.