Нина Хаџи – Котарова и Митко Белмезов од СОУ.Јане Сандански со прво место на Наноматеријали
На Технолошко – Металуршки Факултет во Скопје вчера се одржа регионалниот натпревар Наноматеријали.
Ученици од училиштето Јане Сандански долго време се подготвуваа за натпреварот и вчера го покажаа својот резултат.
На натпреварот учествуваа Нина Хаџи – Котарова и Митко Белмезов под менторство на професорката Зуле Цонева и го освоија првото место.
Тие од жирито добија максимум поени, 100 од 100 поени. Со третото место се здобија ученичките Ана Цамбулева и Вероника Поповска под менторство на професорката Снежана Илиевска Поповска. И двете групи ќе го продолжат своето натпреварување на републичкиот натпревар Наноматеријали.