Некогаш турска пошта,а денеска споменик на културата од типот на староградска архитектура
Имајќи ја во предвид административната и стратегиска положба на градот Струмица,и зголемената циркулација на материјални добра како стоки и информации,во средината на 19 век е изграден јавниот објект Турската Пошта.
Овој објект фумкционирал се до заминувањето на османлиите од нашите краеви,подоцна станува станбен објект.
Од 2010 година заводот за музеј Струмица го реконструира овој објект.При реализацијата на овој проект е применета метода на целосно зачувување на оригиналните конструктивни елементи и оригиналниот внатрешен и и надворешен изглед.Етнолошката постановка содржи експонати и оригинални предмети кои биле затекнати во самиот објект.Самата постановка ја отсликува градската куќа во Струмица од крајот на 19 век.Овој објект го имаат посетено повеќе туристи како и сите основни и средни училишта од Струмица и околината.Посетата на оваа староградска куќа може да се случи само со претходна најава во заводот и музеј во Струмица.