Наставници од ООУ„Борис Трајковски“ Моноспитово беа во посета на Плимонт, Велика Британија
Наставници од ООУ„Борис Трајковски“ Моноспитово во рамките на проектот
„ Addressing Diversity and Equality in classroom “ кој беше финансиран од Националната агенција за европски образовни прашања и мобилност во рамките на програмата Еразмус +, во периодот од 12.03.2016 год. до 21.03.2016 година престојуваа во Плимонт, Велика Британија.
Проектот опфаќаше запознавање со британскиот образовен систем. За таа цел наставниците од оваа училиште посетија неколку основни и средни училишта, каде се запознаа со условите за работа на наставниците од Велика Британија, условите за учење кои ги имаат учениците од оваа земја, како и начинот на кој е организиран образовниот систем во Велика Британија.
Искуството кое беше стекнато за овој период додека траеше обуката, наставниците од оваа училиште ќе го пренесат и на своите колеги, со цел примена на нови интерактивни методи на настава, спроведување и зголемување на интензитетот на групната работа и секако развојот на критичката мисла во процесите кои што можат и треба да ги следат сите реформи кои се спроведуваат во Република Македонија.