Направете Топло Чоколадо по рецепт на Џејми Оливер

Едно од најубавите нешта во исхраната секако е Чоколадото, тоа води потекло од Јужна Америка и се добива пред се од голема застапеност на какаото.

Чоколадото делува на намалувањето на крвниот притисок како и во намалување на напнатоста.

Најдобро е да се користи темното или црното чоколадо, бидејќи во другите чоколади се користат други засладувачи кои можат да имат лошо влијание врз вашето здравје.

Покрај разните видови на десертни чоколади, доста познато е Топлото чоколадо кој во овој зимски период секако треба да се најде на вашата маса.

Како го приготвува Топлото чоколадо светски познатиот кулинар Џејми Оливер ќе дознаете од неговата рецепта…..

4- лажици какао

3- лажици шеќер во прав

2 – лажици млеко во прав

2- лажици густин

100 гр, чоколадо

1- лажица цимет

Чоколадото треба да иде изрендено и заедно со сите состојки се мешаат , се додека не ја добиете потребната и саканата густина на топлото чоколадо.

5 до 6 лажици од смесата соодејствуваат со 1 литар млеко.

Уживајте во вкусот….

 

Напишете коментар