„Најголемиот глобален час-Секој оброк раскажува приказна“
Учениците од Струмица во глобалната иницијатива „Најголемиот глобален час-Секој оброк раскажува приказна“
Во рамките на проектот инициран од Министерството за образование и наука, во соработка со УНИЦЕФ, учениците и наставниците од основните училишта во општина Струмица, се вклучија во одржувањето на „Најголемиот глобален час“. Предавањето се реализираше на одделенскиот час, со проект за глобалните цели за одржлив развој и промовирање и едукација на правилната исхрана на учениците од основните училишта. Учениците имаа задача преку дијалог, соработка и истражување да дојдат до конкретни заклучоци за одржливоста на храната што ја јадат и пишуваа на тема „Секој оброк раскажува приказна“, разговараа за градењето на добри навики во исхраната и разменуваа мислења за нивните секојдневни искуства со начинот на исхрана.