На 8 и 9 Август Вечери на Поезијата во Струмица на СОФ
И оваа година на Езерцето во градскиот парк во Струмица ќе се одржат Вечери на Поезијата во склоп на Струмица Опен Фест.
Годинава манифестацијата ќе биде на 8 и 9 август,исто така годинава се распишува конкурс на кој ќе можат да учествуваат повеќе автори и тоа млади до 21 година и постари од 22 година па нагоре.Сите заентересирани автори ќе можат да ги испраќаат творбите и тоа за младите до 21 година ќе се примаат до 3 август, а за постарите тоа ќе биде на 4 август.
Темата за оваа година е Небо.Пристигнатите творби ќе ги оценува 3 члено жири,и наградените творби ќе се читааат на 8 и 9 август.Творбите треба да не бидат подолги од 2 листа А4 формат и со 12 фонт големина.
Деновиве ќе биде објавена и електорнската адреса на која ќе треба да се испраќаат творбите.Гости на овој клутурен настан ќе бидат авторите Елена Пренџова,Игор Трпчевски,Перо Санџовски и Жаклина Филипова Свеќаровска, кои ќе имаат настап на 8 август,додека пак на 9 август свој настап ќе имаат веќе докажаните автори Михаил Ренџов и Ристо Лазаров.Оваа денеска на прес конференција го соопшти Ванја Изова Велева, кординатор на Вечери на Поезијата во склоп на Струмица Опен Фест.