МВР-СООПШТЕНИЕ

Министерството за внатрешни работи – Секторот за внатрешни работи-Струмица, имајќи го во предвид присуството на топлотниот бран над подрачјето на Р.Македонија, посебно во регионот на СВР- Струмица и зголемената можноста од појава на пожари на простори засадени како со нискостеблеста така и на просторите со високостеблеста шума, презема бројни превентивни мерки на подрачјето.
Со цел благовремено превенирање и откривање на евентуалнo појавени пожари СВР-Струмица во соработка со Регионалниот Центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Ј.П Македонски шуми, ТППЕ, локалните самоуправи и други субјети надлежни за превенирање на и од пожари, а во согласност со изготвените посебни планови за заштита од пожари, преземат конкретни мерки за детектирање на таквите појави на терен.
Апелираме до граѓаните на зголемена будност и внимателност при движење во шумите како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните.
Да не се фрлат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци со што заедо ќе допринесеме за зачувување на шумите и спречиме загрозување на човечки животи и други штетни последици.

Доколку забележете пожар веднаш пријавете на бесплатните телефонски броеви 193 ( Територијална Противпожарна единица ), 195 (Регионален центар за управување со кризи) и 192 (полиција).

ХР. НАЧАЛНИК НА СВР-СТРУМИЦА
Ѓорѓи Божинов

Напишете коментар