„Мониторинг на Јавните Набавки на Локално Ниво“

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), во соработка со
Центарот за граѓански комуникации, како дел од концептот „Општина по
мерка на граѓаните“ кој го спроведува во партнерство со Општина
Струмица, спроведе обука за претставници од граѓански организации на
тема „Мониторинг на јавни набавки“

 

 

 

 

 

 

 

DSC_0827

 

Невладините треба да го следат процесот на јавни набавки на секоја локална самоуправа или институција бидејќи како сектор треба да се информираат за трошењето на јавните пари. Ова е препораката на Герман Филков од Центарот на граѓански иницијативи кој ги едуцира струмичките невладини како да го следат трошењето на народните пари. Според него институциите во тој поглед се транспаретни колку што им дозволува законот што не е доволно.  Од Центарот за граѓански иницијативи апелираат до сите институции да бидат далеку потранспаретни во процесот на јавните набавки и трошењето на народните пари. Обуката на граѓанскиот сектор за следење на процесот на јавни набавки е на Центарот на заедницата на Струмица.

DSC_0822

Според Горан Сачевски кординатор на проектот, обуката има за цел да им обезбеди на претставниците на граѓанските организации соодветни знаења и вештини за актуелните практики во спроведувањето и следењето на јавните набавки на локално ниво.

Ова обука ја спроведуваат Герман Филков и Сабина Факиќ,од Центарот за граѓански комуникации.

Напишете коментар