Момче од Добрејци, пронајдено мртво во Скопје
Вчера околу 16 часот во ЕИК-Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека на ул. „Иван Цанкар” починало лицето М.А.Б. (23) од струмичкото село Добрејци.
Истиот бил пронајден од страна на неговиот другар во легната положба на креветот до кој имало траги од крв и повеќе шприцови.
Додека, велат од полицијата, до креветот на починатиот бил пронајден и пиштол непозната марка (црна боја) на кој пишувало 9мм со придушувач на звук.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на скопската полиција.