Младите фудбалери на ФК „Беласица''на балканскиот турнир „Balkan Kup Altinordu“,
Младите фудбалери на ФК „Беласица“ од Струмица се на балканскиот турнир „Balkan Kup Altinordu“, кој на 13 и 14 јуни се одржува во Кушадаси. Тие веќе пристигнаа до таму, патувајќи 991 километар од Струмица до Кушадаси.
На местото на одржување на спортскиот фудбалски настан е поставен и патоказ до градовите од каде доаѓаат младите фудбалери, меѓу кои е и Струмица.
Инаку, освен „нашите“, на овој турнир учествуваат фудбалери од Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и домаќинот Турција.