МЛАДИОТ СТРУМИЧКИ УМЕТНИК ТАШЕ ПЕФЌЕВ НА 25 МАРТ ВО НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ ЌЕ ЈА ОДРЖИ СВОЈАТА ПРВА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА

Младиот струмички уметник Таше Пефќев кој има само 17 години а со своето творештво веќе навлегува во зрелиот уметнички свет, на 25 март со почеток во 19:00 часот во просториите на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе ја одржи својата прва изложба на ликовни дела. Пефќев на присутните ќе им претстави 18 уметнички дела за кој како што вели тој се изработени со голема љубов и внимание.

Инаку, Таше е ученик во четврта година во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ во Струмица и својот талент во иднина планира да го надоградува на еден од факултетите за уметност. На изложбата се поканети сите оние кои се љубители на уметноста.

Напишете коментар