Младински совет ве кани на 10-годишен јубилеј

Со почеток од 19:00 часот во големата сала ќе започне Свечената седница на Младински совет по повод 10 години активно работење. Настанот е од отворен карактер за сите струмичани.

„На седницата во роденденски и младешки дух ќе бидат доделени признанија, благодарници и плакети на најголемите соработници на организацијата. На настанот ќе се потсетиме на минатогодишните проекти со една ретроспектива и ќе прославиме за нашите заеднички весели мигови“, велат од Младински совет.

Овој совет на млади, изминатите 10 години создаде реална младински платформа од која произлегоа многу активности, волонтери, настани и случувања за подобри услови на секој млад човек во Струмица и пошироко. Од фомирањето во 2007 година па сè до 2018 во Младински совет членувале над 2.500 волонтери, а се реализирале повеќе од 150 проекти од повеќе области кои ги засегаат младите и општеството.

Напишете коментар