Митрополит Струмички Наум-Не плаши се, мало стадо

Демонот сака само да нѐ исплаши, та самите да го направиме гревот, затоа што тој не може да нѐ присили да направиме грев. И во најлошото сценарио имаме власт, сила и слободен избор да останеме во доброто и да го одбиеме злото, а не, пак, во ова…

Бог не допушта искушението да биде поголемо од она што ние можеме да претрпиме, под услов правилно да го надминеме: со прифаќање, со благодарење, со себеосудување, со непокажување и со молитва.

И, времето на последните случувања го знае само Отецот, но зависи само од нас, од нашето покајание и љубов; а воопшто не зависи од некој што би сакал да го зацари синот на беззаконието. Сѐ додека има луѓе што Го сведочат Христос и сѐ додека има луѓе што се спасуваат поради тоа сведоштво, сѐ дотогаш овој свет ќе има смисла да постои.

Токму заради ова и Самиот Богочовек Христос нѐ теши: „Не плаши се, мало стадо, зашто волјата на вашиот Отец Небесен е вам да ви го дарува Царството Небесно“.

Христос Воскресе!

Митрополит Струмички Наум

Напишете коментар