Митко Гогов е еден од 10-те финалисти на поетскиот конкурс„ Il Parnaso“ во Италија
Помеѓу повеќе од 300 пријавени поети од целиот свет на конкурсот за
поезија „Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“ во Италија,
македонскиот концептуален уметник, поет и граѓански активист Митко Гогов е
еден од 10-те финалисти.
Конкурсот за поезија “Парнас – награда на Анџело Ла Векија” беше создаден со цел
да се прослави и овековечи, преку “Возвишена поезија”, духот, душата, суштината
и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас.
Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела
Европа, Балканот и пошироко.
Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без
најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но, исто така и во
своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде “медиум” во
“континуитет” помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу
прагматизмот и утопијата.
Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти,
знаење во текот на целиот живот и реализирање на “експресивната слобода” која
е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран
човек.
Наградата е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат во
Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како извонреден поет,
драмски писател, историчар и професор.
Во текот на следните неколку денови ќе бидат прогласени најдобрите тројца
автори за оваа година.