Министерот Ставрески ја посети општина Василево

 

Вчера, министерот за финансии и вицепремиер во Владата на Република Македонија г-дин Зоран Ставрески ја посети општна Василево.
„Денешната посета на општина Василево е со цел да се сретнеме со бизнисмените, со граѓаните и со раководството на општината и да видиме како оди реализацијата на проектите, каде можеме дополнително да помогнеме, да забрзаме, да се завршат одредени работи и слично и затоа денеска сме тука во индустриската зона каде моделот на функционирање на индустриските зони е веројатно најдобар од сите општини во Република Македонија, кое нешто се должи пред се на инфраструктурната уреденост на зоната, односно улици, канализација, приклучок кон електрична енергија, водовод, и се она што им е потребно на домашните бизнисмени за да не размислуваат за тоа туку да дојдат на готово каде се решени тие прашања, и да се занимаваат со тоа што најдобро знаат а тоа е да изградат погон, да вработат луѓе и да го тераат сопствениот бизнис“ “ изјави министерот Ставрески при денешната посета на општина Василево“..
На агендата на неколкучасовната посета прва беше индустриската зона во Василево, каде заедно со домаќинот – градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов , го означија стартот на работите на една од улиците во зоната. Погонот на компанијата „Жикол“ за изработка на столарија и компанијата Саваот Греис, која се занимава со производство и трговија, беа двете компании во кои министерот оствари средба со вработените и сопствениците, каде освен за процесот на производството разговараше и за потребите и евентуалните проблеми со кои се соочуваат во нивната работа. Со сечења на црвена лента свечено беше пуштен во употреба паркот лоциран на влезот во Василево, кој општината во соработка со Бирото за регионален развој го изгради пред околу две недели. Следно на агендата беше подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Радичево каде во моментот општина Василево во соработка со МЦМС, Сокотаб Битола и Филип Морис, поставува систем за парно греење. Министерот Ставрески посетата на општина Василево ја заврши со средба со жителите на Висока Маала – населено место во кое целокупното население е од турска националност. По посетата на новата училишна зграда што општината ја гради во соработка со ТИКА, заедно со домаќините, пиејќи турско кафе разговараа за тековните потреби и можностите за нивно задоволување.
На денешната посета на општина Василево присуствуваа и пратениците во Републичкиот Парламент од редовите на ВМРО ДПМНЕ од Струмичкиот регион.

Напишете коментар