Министерот Филипче и Премиерот Спасовски во обиколка на новото крило на ЈЗУ Општа Болница
Струмица добива нов болнички објект. По 33 години новото крило со површина од 6.000 м2 во Општата болница го завршивме. Здравствената криза предизвикана од ковид-19 покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници, каде за кратко време пациентите на едно место ќе може да добијат здравствена услуга, без да се препраќаат во околните болници, во другите градови. Покрај подобрувањето на условите во установите, ги зголемивме и платите на здравствените работници, дадовме повеќе од 5000 согласности за вработување и го вративме достоинството на сите вработени во јавното здравство- Изјави министерот за здравство Венко Филипче.