Милановиќ: ЕУ и НАТО за нас се единствена алтернатива за брз економски развој
Членството во ЕУ и НАТО гарантира раст на економијата во Македонија. Со самото членување во НАТО првиот и најважен чекор е стабилноста, секој странски инвеститор бара стабилна средина за да ги инвестира своите средства. Со тоа ќе дојдат нови инвестиции, ќе се отворат нови работни места, ќе се зголемат платите, ќе се направи еден нов инвестициски циклус во Македонија, кој ќе придонесе пред се, зголемување на платите, зголемување на животниот стандард, зголемување на домашниот бруто производ, со тоа ќе почне да заживува економијата во Македонија.
Од друга страна, членувањето во ЕУ, ни гарантира нов, над 500 – милионски пазар каде што ќе ги пласираме нашите производи, за да бидеме поконкурентни ни се отворени фондови, имаме инвестициски фондови со над 30 милиони евра годишно за помагање на бизнисите, имаме над 15 милиони евра годишно за инфраструктура, што значи ќе се градат патишта, железници, нови училишта. Тоа е циклус кој ќе ја зафати пред се економијата, а многу брзо ќе рефлектира и во образованието и мислам и во правниот сегмент.
Не смееме да ги занемариме показателите кои ни ги покажуваат соседите. Значи една Албанија, една Романија, Бугарија. Еве, Албанија со влезот во НАТО покажа страшен раст на нивните просечни плати, на нивните најниски плати и пензии и имаат дуплирање на приходите. Бугарија и Романија и да не ги споредуваме, од најминимални плати и пензии стигнаа до едно ниво кое е повисоко за два пати од нашите приматели во пензискиот дел и основната плата. Сите тие бројки покажуваат дека ЕУ и НАТО за нас се единствена алтернатива за брз економски развој.