Меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација

Во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица реализирани активности од меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација

Преку проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје (МЦГО), во соработка со Бирото за развој на образованието, финансиски поддржан од страна на Детската фондација Песталоци од Швајцарија и општина Струмица како партнер во проектот, учениците и наставниците во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, во рамките на наставните предмети Општество и Граѓанско образование реализираа часови со планирани активности за поддршка на меѓуетничката интеграција и интеркултурната комуникација.

Опфаќајќи ги наставните содржини за запознавање со идејата за човековите права и слободи, запознавањето со Универзалната декларација за човековите права, учениците од македонската и турската заедница ја согледуваат поврзаноста и ја сфаќаат важноста на човековите права и граѓанските одговорности во општеството, но и меѓусебно се дружат, заеднички цртаат и пеат, учат едни од други и стекнуваат позитивен однос кон мултикултурализмот. Општина Струмица како локална заедница активно се вклучува, ја поддржува и ја промовира работата на училиштата на планот на меѓуетничката соработка.

Напишете коментар