Марјан Бајрактаров-На Струмица и е потребна нова современа визија како да се развива
На Струмица и е потребна нова современа визија како да се развива, на Струмица и се потребни чесни и способни луѓе кои умеат да ја насочат општината во подобар правец, на Струмица сте и потребни сите вие, на Струмица и е потребна вистинска промена, истакна при своето излагање на митингот во Струмица кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Бајрактаров.
-Мои сограѓани овие две недле пред вас ја презентирам нашата програма, за праведно управување и рамномерен развој на општината. Оваа програма ги одразува подеднакво потребите на секое поголемо и помало место, секоја улица од општината. Додека ги носите вашите деца во градинките и училиштата, додека се движите по раскопаните улици и нечисти тротоари, додека се обидувате да возите велосипед, а немате каде ве молам да се запрашате, дали е тоа најдобро што го можеме? 12 години е цела една ера за да се изгради еден нов град, овие 12 години граѓаните беа на последно место на листа на приоритети, наместо да даде отчет нашиот политички опонент за сработеното повторно ветува исти работи. Чистотата е највашна во градот кој некој го нарекува европски. На сите влезово во градот ќе видете депонии кои се опасни по здравјето на сите нас, рече во своето обраќање кандидатот за градоначалник, Бајрактаров.
Тој пред струмичани исто така ги посочи неговите приоритети и визија за градот.
-Мој приоритет ќе биде подобрувањето на комуналната хигиена во градот и населените места и расчистување на дивите депонии, најавив бесплатен приклучок во гасоводната мрежа за сите. Најавата на овој проект од граѓаните е одлично прифатена и со тоа дирекно ќе се влијае на подобрување на животната средина и ќе се спречи загадувањето на воздухот. Ќе работиме на паметно користење на енергијата преку проектот, изградба на енергетско ефикасни фасади за зградите постари од 40 години, со тоа ќе се овозможи финансиска заштеда во трошењето на еенергија, подобро здравје и конфор за граѓаните, истакна тој.
-Струмица е земјоделски крај, реално му е потребен модерен отворен пазар на кој земјоделците ќе можат да ги продаваат своите земјоделски производи. Сегашниот пазар чешел требаше да биде само привремено решение додека да се направи нов пазар. За новите правни субјекти ќе ја укинеме фирмарината за период од две години. На ивеститорите што ќе изградат нови капацитети и ќе отворат нови работни места, општината ќе им излезе во пресрет од ослободување од надоместокот за уредување на градежно земјиште. За учениците нудиме бесплатна униформа за сите, воведување на високи хигиенски стадарди во училиштата, уредување на училишните дворови, уште еден проект е изградба на училишна спортска сала во основното училиште „Никола Вапцаров“ и доделување на стипендии за најдобрите ученици, финансиска поддршка за оние ученици кои настапуваат на меѓународни натпревари, субвенции за младите при полагање возачки испит, три нови детски градинки, градска галерија, изградба на велосипедска патека, тениски терени, спортско рекреативен комплекс, безплатна пливачка школа, реконструкција на градскиот плоштад и улица „Благој Мучето“, проширување на уличното осветлување во градот и населените места, уредување на поројниот канал „Крушевска Република“, булеварско решение за улица „Климент Охридски“, изградба на нов булевар на потегот од улица „Братство единство“ покрај автобуската станица и поврзување до обиколниот пат Струмица-Ново Село и уште многу многу проекти што ќе значат подобро задоволување на вашите животни потреби, додаде Бајрактаров .
-Од нашиот град, од нашата општина треба да упатиме јасна порака дека на Струмица и е потребна нова современа визија како да се развива, на Струмица и се потребни чесни и способни луѓе кои умеат да ја насочат општината во подобар правец, на Струмица сте и потребни сите вие, на Струмица и е потребна вистинска промена. Упатувам повик сите заедно да ја започнеме новата ера во Струмица, заокружетего бројот 13 за мене како за кандидат за градоначалник, заокружетего бројот 13 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, заврши Бајрактаров.