Манифестацијата „Спортист на годината“ ќе се одржи на 25.01.2019
Манифестацијата „Спортист на годината“ ќе се одржи на 25.01.2019 година (петок) со почеток во 20,00 часот во ресторанот Студио-Ин на која ќе бидат прогласени најдобрите спортисти, спортски екипи и тренери од општина Струмица за 2018 година. Оваа традиционална манифестација се одржува во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, под покровителство на Градоначалникот и Советот на општина Струмица, а во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица. Екипите своето место да го резервираат во ресторанот „Студио-Ин“.