Љубовен клуч во Струмица – БИДИ МИ ЉУБОВ

Денеска се одржа прес конференција во Младинскиот Совет во Струмица.

Според Марија Варгаљакова – волонтер од СОУ „Јане Сандански“, оваа  година младинскиот совет преку своите волонтери ќе се вклучи во одбележувањето на празникот на љубовта и виното.

Во недела ќе го постават првиот ѕид на љубовта во нашиот убав град.
Поинаква можност за парови од сите возрасти да ја докажат својата љубов.

Бесплатна фотосесија, 100 бесплатни катанци и бесплатни љубовни песни за Денот на љубовта и виното.

За музичкиот дел ќе се погрижат веќе докажаните млади музички таленти од нашата општина.

Настапуваат:
Ангела Илиева, Ана Цамбулева, Ристе Гавровски, Илијана Ѓоргиева и Ивана Гушева – членови на Младински совет и хорот при СОУ „Јане Сандански“.
Бенд: Столе Велков – гитара, Александар Цамбулев – бас гитара и Џоко Ѓоргиев – тапан

 

Напишете коментар