Љубојна,Архангел,Влатко Стефановски,Жељко Јоксимовиќ на Струмица Опен Фест

Организаторите на „Струмица опен фест“ ја објавија програмата со сите активности и музички настапи што ќе се случуваат во Струмица, во периодот од 6 до 14 август. Според здружението „Културно-забавен живот“, деветте дена ќе бидат исполнети со околу 15 културни настани, но и со три музички вечери на кои ќе настапат повеќе десетина домашни и балкански изведувачи и групи, но и диџеи.

Музичкиот дел од фестивалот го отвора „Љубојна“ на 12 август, по што на сцената на фестивалот ќе настапат групата „Амадеус“, Аца Лукас и Џамбо со „Агушеви“. Вториот музички ден е резервиран за „Хипнотизер“, Влатко Стефановски, „Архангел“ и „Кад би био Бијело дугме“ .
Фестивалот ќе го затворат “Силви бенд”, “Црвена јабука” и Жељко Јоксимовиќ.
„Се надеваме дека ќе го привлечеме вниманието, бидејќи нудиме шест дена на култура, уметност и забава на повеќе отворени сцени и три музички вечери на струмичкиот плоштад“, информираа организаторите.
13669781_1240597772640518_3462813968548283369_n

Напишете коментар