Лишени од слобода две лица кои ограбувале двојки кај спортскта сала Парк
Струмичката полиција приведе две момчиња од селото Баница кои изминативе денови вознемирувале и ограбувале млади двојки кои со автомобили биле паркирани кај спортската сала Парк.Лицата Д.Т.(24) и Г.С.(19) во неделата вечер после полноќ, насилнички и со закана кон двојките во возилата, одземале мобилни телефони и парични средства.
По претресот кај двете лица во селото Баница пронајдени се паричниците и мобилните телефони кои им се вратени на оштетените. Лицата Д.Т.(24) и Г.С.(19) се предадени во Јавното обвинителство и се товарат за сторено кривично дело разбојништво кои заработија мерка притвор од 30 дена