LG G5 и Galaxy S7 доаѓаат на ист ден?
Во филмската индустрија, големите блокбастери внимателно се распоредуваат, од страв да не се соочат со некој конкурент и да изгубат гледачи. Во индустријата на паметни телефони, се прави токму спротивното…
Веќе подолго време се шпекулира дека Samsung планира да го претстави новиот Galaxy S7 на MWC 2016 во Барселона идниот месец, со тоа што точниот датум би бил 21-ви февруари. Samsung веќе испрати покани и мал тизер, со што ни го потврди датумот.
Од друга страна, во текот на оваа недела се појави и официјална покана од LG, најверојатно за презентација на моделот G5, која исто така го специфицира 21-ви февруари. Телефоните со ова се во директна конкуренција, односно веројатно ќе се појават во продажба на сличен датум, со неколку дена разлика.
Ова значи дека потрошувачите ќе мораат да се одлучат за еден модел. Кој би го одбрале вие?
преземено-GSM.MK